Лидерот на СДСМ објави аудиот запис за кој посочи дека е разговор помеѓу министрите Ставрески и Јанкулоска. Се зборува за договор со кинеска компанија што гради патишта без тендер. Заев посочи Како Груевски среде ноќ нарачувал кај Ставрески противзаконско подигнување кредит од 700 милиони евра, и како за Груевски, како што посочи, Ставрески вели дека е “човек кој изгубил контакт со реалноста“
Транскрипт
ГЈ: Да ти кажам ми се смачи више.
ЗС: Не ми збори.
ГЈ: И од избори и од све. Налет, знаеш како, мислам.
ЗС: Цркнавме. Да ти кажам ноќеска каква порака добив ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата.
ГЈ: Ја ти викам…
ЗС: Не тера да напраиме незаконско нешто. Не ја, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите и нејќат луѓето да потпишат. И во право се што нејќат.
ГЈ: Да де де.
ЗС: Е сега место со нив тоа да го расправа, сега они и да го јаваат, јас сум месинџерот, мене ми се јавува, ова зошто е вака зашто е така, не е потпишано. Му објаснувам зашто не е, и му пишувам во пораката и мислам дека се во право луѓето. И ми враќа порака јаките експерти, јаките правни експерти Миле и Владо, а и ти како искусен правник сте дошле до заклучок дека е, и нешто ми дрнда таму.
ГЈ: Глупости. Па тој што вика дека е ок, нека го потпише.
ЗС: И да не сме во право, пази, и да не сме у право, начин ли е тоа бе со тројца твои соработници?
ГЈ: Да де. Ама и не само тоа, ако некој некомотно се чувствува, значи има нешто.
ЗС: Така е. Пак е да речам забегана порака. Онака, човек што изгубил контакт со реалноста. Не е во ред, не можеш да вреѓаш така.
ГЈ: Да бе да, мислам на крајот.
ЗС: Ако не сум јас искусен правник, шест години работам со проблематика, знам да проценам
ГС: Ама независно…
ЗС: Што треба да потпишат знаеш? Договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштава без тендер. Тоа треба луѓево да потпишат.
ГЈ: Па не може така.