ВИДЕО: Место на „Дрисла“, „Комунална“ истура отпад на дива депонија среде Скопје

Од:

Мало камионче со ознаки на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, утрово, отпадот, место на „Дрисла“, го истури на дива депонија среде Скопје, во близина на Центарот за азиланти во Шуто Оризари.

Екипа на „А1он“ го сними камиончето полно со ѓубре како се качува на ридот во близина на Центарот и набргу се симнува празно, без отпад.

Луѓето сместени во Центарот велат дека секојдневно се истура ѓубре на ридот од спротивната страна.

„Има вдлабнатина на ридот, која се полни со ѓубре. Ова овде сè беше покриено со отпад, но го подзачистија кога премиерот Зоран Заев дојде да ги посети бездомниците. Сега дури личи чисто“, велат азилантите кои екипата на „А1он“ ги сретна на патот кон дивата депонија.

Ѓубре е расфрлано по целиот земјен пат што води до врвот на ридот каде што се истура ѓубрето. Меѓу градежниот шут на сите страни има и комунален отпад, па целиот простор е претворен во огромна депонија на шест километри од центарот на Скопје.

Од Општина Шуто Оризари се пожалија дека не можe да се справат со камионите што истураат отпад насекаде и велат дека не е првпат камиони на „Комунална хигиена“ да трупаат отпад и да отвораат нови диви депонии во Шуто Оризари. Екипи од Општината од утрово работат на расчистување на дивата депонија од која се шири чад низ Шуто Оризари и Визбегово, а „Комунална“ пред еден месец ја користела како претоварна станица кога ѝ го отстапила просторот на Општината.

Камиончето на „Комунална“ се појави во моментот кога се подготвуваше акцијата за чистење, па ја одмина депонијата што ја користела како претоварна станица и ѓубрето го истури на ридот спроти Центарот за азиланти.

Од „Комунална хигиена“ немаат коментар. Најавија дека ќе објаснат кога ќе утврдат дали се работи за нивно возило.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Драма во Пријепоље: Пожар избувна на депонијата Стањевина, прогласена е вонредна состојба

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески