Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Од:

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”.

– Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Иако неколку пати интервениравме во изминатите години, тоа беа само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контењерите, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, истакна дека во изминативе неколку дена сите градоначалници од скопскиот регион, со поддршка од општествено одговорни компании се обидувале да го амортизираме хаосот што го зафати градот.

– Денес разговараме не само за тоа како да делуваме во наредните неколку дена до крајот на изборите, туку како трајно да го решиме проблемот со хигиената во Скопје. Ќе побараме поддршка и од нашите колеги надвор од градот Скопје, со цел заеднички да придонесеме за расчистување на овој метеж, објави Ѓорѓиевски.

Тој упати апел до раководството на „Дрисла” да покажат разбирање и да не вршат опструкции при влезот на механизацијата која ќе биде насочена кон транспортирање на отпадот што се таложи низ скопските улици.

-Нашите сограѓани редовно си ги плаќаат сметките но за жал, услугата од градското претпријатие не ја добиваат. Затоа ќе дадеме сѐ од себе во наредните денови, а како што ветив – во првите 72 часа по преземањето на функцијата градоначалник, конечно ќе го исчистиме Скопје и ќе ставиме крај на оваа агонија, нагласи Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ