(ВИДЕО) „Место едно вето, ние ќе имаме 35 вета“ – Пратениците од партија на Петков задоволни што ЕУ застана на страната на Бугарија

Од:

Народното собрание свика кворум и расправа во моментов за предлогот. Средбата ја отвори привремениот претседавач Мирослав Иванов.

Тој предложи дневен ред во кој прва точка е прашањето за РС Македонија. Дневниот ред го изгласаа 210 пратеници.

– Место едно вето, ние имаме 35 вета за 35 поглавја. Во моментов ЕУ е на нашата страна. Ние имаме механизми да ги заштитиме бугарските интереси. Викате Македонија е Бугарија, а Бугарија е во ЕУ. Зошто да не ја кренеме рампата и двата исти народи да се сплотат во границата на ЕУ – рече пратеникот од партијата на Кирил Петков, Настимир Ананиев.

Тој додаде дека Бојко Борисов досега не направил ништо за да ги заштити интересите на Бугарија.

– Македонија не може да стартува преговори ако не ги исполни условите, можете да бидете сигурни дека ние ги заштитивме интересите на Бугарија – објасни Ананиев.

Би можело да ве интересира

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

Во Софија 68-годишник фатен како вози со 5,5 промили алкохол во крвта

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%

Жена загина во пожар во стан во центарот на Софија

А1он

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства