Се наѕира новата гипсена фасата на МЕПСО, објект кој првично не беше во проектот „Скопје 2014“ и чини 11 милиони евра. Со тоа Скопје изгуби уште едно ремек дело на брутализмот, а во центарот наместо него, се појавува објект кој е во непознат стил.
Зградата на МЕПСО, слично како Владата е целосно бела со столбови во “антички стил“ и нов “стилизиран покрив. На другата страна од фасадата, која се уште не е реконструирана се гледа дека всушност дека целата е изградена од гипс картон, а помеѓу гипсот и старата фасада има огромен празен протстор.
Енергетската компанија новата фасада ја побара од општина Центар во 2013 година, кога нејзин градоначалник беше Владимир Тодоровиќ. Власта сите овие години се обидува да го отстрани печатот на едно време кога некој друг создавал и градел-или ги сокрива без никаква логика со нови градби, или без довола на авторите ги менува во непостоечки стил, кој е непознат во светот.
Александар Тодески