(ВИДЕО) Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате?

Од:

Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, денес на собраниската седница за прашања од опозицијата упати пратеничко прашање до министерката за енергетика, Сања Божиновска, со кое побара јасен одговор за состојбата со државната компанија ЕСМ и нејзиниот рекорден долг.

– Колку е точниот долг на ЕСМ? Пред една година зборувавме за 183 милиони евра, а денес зборуваме за 250 милиони евра долг. Што направивте вие во изминатата година, за да го спречите ова зголемување? праша Мециновиќ.

Во своето излагање Мециновиќ потсети дека министерката и самата признала дека долгот е резултат на погрешно водени политики и лошо управување, но оцени дека и покрај признанието и фактот што за прв пат има Министерство за енергетика нема конкретни резултати.

„Дали ова зголемување на долгот значи дека спроведувате контролиран крах на ЕСМ? Дали планирате да го приватизирате ЕСМ? Бидејќи ова се легитимни прашањата кои се поставуваат кога доаѓаме во историски највисок долг на нашиот јавен, нашиот државен капацитет“, истакна пратеникот.

Мециновиќ упати и критика за молкот на министерката за енергетика при секое ново покачување на струјата и нагласи дека јавноста добива информации единствено од претседателот на РКЕ, Бислимовски. „Зошто имаме министерка за енергетика, кога Бислимовски излегува и ни вели дека ќе имаме покачувања на струја и вие не давате никаков коментар? Дали е Бислимовски министер за енергетика или сите институции во овој сектор се портпароли на ЕВН, бидејќи само ЕВН добива од оваа ситуација во која се наоѓаме и никој друг“, рече Мециновиќ.

Тој посочи и дека Владата под превезот на либерализација создава систем во кој државните капацитети се уништуваат, а приватните се зајакнуваат и им се дава предност. „Либерализацијата кај нас не донесе конкуренција. Кога зборуваме за либерализација граѓаните можеби мислат дека ќе дојдат нови инвестиции од други држави. Не, тоа се братучедите на политичарите. Либерализација, значи фирми за братучеди и роднини и така натаму“, нагласи тој.

Мециновиќ потсети и дека пратеничката група на Левица поднела и предлог – закон за укинување на Регулаторната комисија за енергетика со цел, како што рече, „политичката одговорност да се врати таму каде што припаѓа, во Министерството за енергетика“.

„Оспособете го ЕСМ. Направете го способно да му конкурира на ЕВН Хоум: Само така може да има социјално прифатлива цена на струјата. Граѓаните веќе не можат да ја издржат енергетската сиромаштија“, порача Мециновиќ.

Мециновиќ заклучи дека за прв пат државата има Министерство за енергетика и дека повеќе нема простор за префрлање вина. „По година и пол мандат време е за резултати, а не за изговори“.

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници