(ВИДЕО) Маричиќ: Законската рамка во моментов не дозволува онлајн судења

Од:

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, вели дека во овој момент не е возможно да има онлајн судења, и покрај пандемијата со Ковид-19.

„Ние сме свесни дека законската рамка во моментов не дозволува класични онлајн судења какви што можеби има во другите држави. Вистината е дека ова е прашање кое што е сложено и бара дискусија од сите фактори и актери, само еден министер или само Владата не може да го реши овој проблем“, рече Маричиќ.

Тој вели дека најдобро е таа дискусија да продолжи и да се бара заеднички решение кое што ќе функционира во пракса.

„Не е добро да има преголем застој, ние со тие застои во минатото се боревме и не треба да дозволиме да се повтори. Не треба ниту едно решение да се отфрла, и за секое решение треба да бараме практична примена. Владата е подготвена да разговара“, рече Маричиќ.

Според него, државата ќе може да помогне со средства за опремување на судовите за можните онлајн судења.

„Во моментот кога Собранието би усвоило таков законски предлог, ние како Влада ќе направиме се за обезбедување на информатичка опрема за судовите. Спремни сме да помогнеме и повеќе од тоа што е сега доколку се определиме за онлајн судење како концепт. Дел од европските фондови се насочени кон зајакнување на капацитетите на судовите“, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Реагираат и обвинителите: Земаме најмали палти во регионот, предвидениот буџет е за сите трошоци на сите обвинителства

Мицкоски повтори дека судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту платите што ги земаат

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара