(ВИДЕО) Маричиќ: Новата структура ќе го направи поефикасен и поефективен механизмот за координација на преговорите

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција ја претстави новата преговарачка структура која денес на тематска седница беше усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија.

– Со денешната одлука на Владата за ревизија на координативниот механизам за пристапни преговори, се одлучуваме за нова структура која го поедноставува механизмот, и воедно ќе го направи хиерархиски и командно пофункционален, поефикасен и поефективен, рече Маричиќ, информирајќи дека заради зголемена ефикасност на функцијата при водењето на преговорите, се воспоставува „главен преговарач“, функција која ќе ја извршува тој, а која ги спојува и политичките и техничките елементи од преговорите.

Тој објасни дека владиниот сет одлуки со кои се воспостави механизам во 2019 година треба да се промени бидејќи процесот на проширување е сменет, а критериумите за членство во Европската Унија се изоструваат со новата методологија од 2020 година. Дополнително, заради големиот број новини во процесот, нема модел на искуство кој би можело да се земе предвид од земјите кои до сега преговарале или сè уште преговараат и затоа е потребен наш автохтон нов модел за координација, кој во целост ќе ги рефлектира новините од ревидираната Методологија, како и дека новата Методологија наметнува многу пополитички пристапни преговори, на начин што целокупниот процес на преговори го подигнува на многу повисоко политичкото ниво и тоа во сите фази од преговори.

За да се обезбеди хиерархиска и командна конзистентност ќе има позиција „Заменик на главниот преговарач“, функција која ја врши државната секретарка за европски прашања, која воедно е и претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација, г-ѓа Дрита Абдиу- Халили, посочи вицепремиерот Маричиќ.

Телата коишто беа предвидени со Одлуките од 2019 година остануваат и во новата стуктура, а тоа се: Комитетот за преговори, Државната делегација за преговори, Групата за преговори, во која меѓу другото, се воведуваат и три нови позиции, главен економист, главен правник и главниот анти-корупционер, како и работниот комитет за европска интеграција и работните групи за пристапни преговори.

Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања (СЕП) со оглед на тоа што надлежностите и улогата на СЕП вклучително и за координација на целокупниот процес на пристапни преговори е регулирана во Законот за Владата.

Дополнително СЕП ќе биде и депозитар на целокупната документација поврзана со пристапните преговори. Во сите работни групи ќе има координатор од СЕП надлежен за методолошките и процесните аспекти и координација со останатите тела на структурата за преговори. Воедно, СЕП презема надлежност и во подготовката на потребните правни акти со кои ќе се дефинираат процедурите на работење на телата.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Маричиќ за изјавата на Габриел: Освен внесувањето на Бугарите во Уставот, други услови нема

Орце Костов

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Орце Костов

За Маричиќ не е проблем да се потрошат 350.000 евра народни пари за кампања: „Наша должност е да ги информираме граѓаните“

Орце Костов