(ВИДЕО) Маричиќ: Брзо ќе почнат преговорите ако го прифатиме овој предлог

Од:

Вицепремиерот за евроинтрегации, Бојан Маричиќ смета дека брзо ќе почнат преговорите доколку се прифати овој предлог.

„Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати земји членки на ЕУ, ќе биде свикана првата меѓувладина конференција. Во рамките на овој документ така како што е предложен не е ставен протоколот, така што ги немаме историските прашања кои би го оптовариле овој процес“, рече Маричиќ.

Останатите прашања, како што се историските, ќе се решаваат во билатерален пат.

– Било која членка во било кој степен од процесот може да блокира. Но ние ќе имаме на хартија гаранции дека нити Бугарија ќе може да не блокира доколку ние си ги исполниме обврските – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство

Албанија влегува во ЕУ до 2030 година? Договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги штити своите интереси

Романија го поддржува новиот кредит на ЕУ за Украина, Дан не верува дека Русија сака мир

Захарова: Помалку пари за Европејците, милијарди за Киев

Чупиќ: Европските вредности треба да ги прифатиме заради граѓаните, а не поради Брисел