(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Од:

Денес сите граѓани на Куманово и цела држава гледаат кој навистина е Максим Димитриевски: политичар без чест, без принципи и без срам. Човек кој под маската на „патриот“ и „борец за правда“ всушност трупа личен профит, тера криминал и се спасува од правни постапки. Овој човек кој со години зборуваше за „независност на правосудството“ и „борба против неправдата“ лично го ништи обвинителството за да ја спаси својата кожа. И токму тогаш, кога требаше да биде донесена пресуда за неговите незаконски дејствија, одеднаш обвинителството се повлече. Дали е ова правдата за која зборува, која важи за сите освен за него. Профит коалицијата на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ јасно потврдува дека правда нема да има, вели Марина Манојловска, претседателка на Форум на Жени на СДСМ Куманово.

– Максим Димитриевски е разобличен и дома, во Куманово. Тој заедно со ДУИ изгласа Детален урбанистички план со кој си обезбеди лично 300.000 евра. Го претвори Куманово во приватна фирма за полнење на неговиот џеб. Со поддршка на ДУИ и со молк од ВМРО-ДПМНЕ, тој ги продаваше интересите на граѓаните за лични зделки.

Димитриевски не е борец за правда туку манипулатор кој во политиката е само за свои профити. Неговата „борба“ завршува таму каде што почнува неговиот интерес. Наместо да им служи на граѓаните, наместо да го чува Куманово, тој го претвори во своја приватна фирма.
Максим Димитриевски денес е симбол на политичар кој си ги погазил сите принципи и ветувања. Човекот го надмина дури и Христија Мицкоски со лажење и превртливи политики. Политичар кој ја продаде сопствената чест за заштита од кривично гонење и за неколку станови и евро повеќе.

Со кој образ Димитриевски ќе бара нов мандат во Куманово? Ги погази ветувањата за правда, правда нема, има само спас од прогон за него. Се откри дека е лажен патриот, молчи пред сите национални понижувања кои ги приредува владата. Се потврди дека е лажен борец против криминалот на албанските партнери за кои по цели денови трубеше на телевизија. Си гласа ДУП-ови со ДУИ, молчи за криминалот со дивоградбите на ВЛЕН. Куманово пропаѓа во смет, хаос и безредие, нема реалзиирано ништо од ветувањата. Ваков човек не заслужува Куманово.

На крај, сите го гледаат за што се бори Максим Димитриевски – за власт по секоја цена, за свои пари, за свои интереси, и со кого и да треба ќе се коалицира, само ако него го спасат. Такви луѓе немаат место во иднината на Куманово и на Македонија. Време е граѓаните да го вратат градот и државата од рацете на ваквите профитери, тврди Манојловска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски