(ВИДЕО) Манијак се соблекува пред жени во Скопје: Размислувам да набавам нешто за самоодбрана

Од:

Снимки од надзорни камери на кои се гледа како непознато лице демне по дворови и згради се објавени на социјалните мрежи. Објавувачот тврди дека лицето е манијак кој во неколку наврати сексуално вознемирувал жители на Влае. Администраторката на групата „Манијак во Влае“, Елеонора Стојановиќ, е една од жртвите. Таа за „А1он“ вели дека го затекнала момчето како стоело на портата од нејзиниот двор, избегало по нејзината реакција, па повторно се вратило. По нејзиното сведоштво, снимки испратила и друга жена, која била демнета пред зградата во која живее. Тој настан се случил минатата година, а од видеото се гледа како маж го покажува половиот орган, а потоа бега од пред влезот. Заедничко за двата случаи е тоа што се случиле во ноќните часови.

Стојановиќ, која е жртва на лицето за кое вели дека е манијак, објаснува дека мажот кој ѕирка по дворовите се вратил и по нејзиното агресивно однесување кон него. И вториот пат избегал, откако таа почнала гласно да вика. Таа за „А1он“ вели дека веќе размислува да набави нешто што ќе ѝ  послужи за самоодбрана, бидејќи смета дека пријавите во полицијата главно завршуваат со регистрирање на настанот. За снимките од видеонадзорот на кои се гледа лицето, полицијата ѝ кажала дека не се многу од помош.

„Случајот е пријавен веднаш во МВР и на местото пристигна тим кој уредно зеде изјава, остана некое време со мене на улица и ме информираше дека веќе има испратено автомобил кој патролира по населбата. Следниот ден се обратив кај соседите кои имаат видеокамери да се обидат да најдат нешто од претходната вечер. Последните две видеа на кои јасно се гледа што прави лицето по дворовите и како бега ги поставив на групата што ја направив на ‘Фејсбук’ за да ги информирам луѓето од Влае да внимаваат периодов, односно да знаат што се случува и да пријават доколку забележат нешто сомнително. Утре ќе налепам и плакати по маало, затоа што сакам да знае дека следниот пат кога ќе се појави нема да помине незабележано и дека луѓето знаат што прави и дека ќе го следат секој негов потег!“, вели Стојановиќ.

Видеото од лицето кое го покажува половиот орган пред непознати жени ѝ го испратила станарка во зграда близу до Владата, откако го препознала истото лице од видеата. Прашана дали таа и другите жени кои се соочиле со вакви ситуации се чувствуваат безбедно, Стојановиќ вели „Сигурно не, а тоа го докажува фактот што жените кои ми ги испратија видеата и ми ги прераскажаа случките сакаа да останат анонимни“.

„Се работи за млад човек, кој е неверојатно педантен и среден, карактеристично за неговиот глас е што е малку повишен и е прилично сигурен во себе, бидејќи влегува во ризични ситуации и подготвен е со часови  да се навраќа на жртвите кои ги вознемирува. Тука ни се совпадна профилирањето на напаѓачот од Влае и Центар, а дали се работи за истото лице, навистина не би знаела да кажам. За видеото кое ми го испрати девојката, таа ми кажа дека момчето ја следело, се соблекло и почнало сексуално да ја вознемирува“, додава Стојановиќ за „А1он“.

Жителката на Влае  самоиницијативно презеде активности за да ги предупреди соседите во Влае дека низ улиците и дворовите има манијак. Таа вели дека три вечери по ред, откако се случил првиот настан, на секои 15 минути погледнува низ прозорецот и размислува што да направи ако се случи истото.

Од МВР велат дека полицијата работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски