(ВИДЕО) Манчевски: Жртвите од поплавите во 2016. последица на непреземање мерки за заштита

Од:

Скопјани не забораваат дека негрижата на Коце Трајановски и Никола Груевски доведе до загуба на дваесеттина животи во овој дел од градот, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на скопската обиколница на клучката кај Стајковци.

– Жртвите од поплавите на 6 август 2016 се директна последица на непреземање мерки за заштита од поплави, на немање на инвестиции во инфраструктура, како и погрешното дејствување за време на поплавата. Жртвите се директна последица на неразумното трошење пари на Скопје 2014, наместо во инфраструктура, нагласи тој.

Манчевски истакна дека Трајановски знаел дека постои План за заштита и спасување на Град Скопје од 2010 година, каде градот беше јасно означен како „подрачје со огромна загрозеност од елементарни непогоди, а особено од поплави“.

– Тој знаеше дека мора да го заштити градот од поплави, но не го направи тоа. Коце Трајановски не преземал мерки за одржување на ободниот канал. Не е реконструиран ободниот канал и покрај јасната препорака за тоа во планот за Проценката на загрозеност на Град Скопје од 2008 година, рече Манчевски.

Тој посочи дека како командант на градскиот штаб за спасување, Трајановски не го заштити Скопје од поплави и покрај свесноста од сливното подрачје на Вардар за што јасно се зборува во проценка за загрозеност.

– Справувањето со последиците од поплавите се одвиваше бавно, хаотично и селективно. Трајановски повеќе се грижеше за да го рекламира својот шеф Никола Груевски, отколку за граѓаните. Најстрашно од се е дека и покрај се што се случи и покрај жртвите и по една година Коце Трајановски воопшто не инвестираше во заштита од поплави. И денес Скопје сеуште е во опасност, посочи Манчевски.

Тој изјави дека граѓаните на Скопје повеќе нема да дозволат со нивниот град да управува градоначалник кој го загрозува нивното здравје и нивната безбедност.

– Скопјани повеќе нема да дозволат со нивниот град да владее Никола Груевски. Затоа на 15 октомври скопјани ќе стават крај на владеењето на Трајановски. Скопјани ќе изберат нова градска администрација којашто ќе се грижи за градот, ќе се грижи за подобар живот на сите граѓани во Скопје. Скопјани ќе го изберат Петре Шилегов, порача потпретседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот