(ВИДЕО) Манчевски: Свесен дека е виновен Груевски сакал да се осигура дали СЈО ја запрело постапката за него

Од:

Уставниотсуд ВЕДНАШ треба да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО. Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов ВЕДНАШ и ЦЕЛОСНО да бидат поништени. Овие две работи се од исклучително значење, бидејќи вчера се потврди она што сите го знаат. Никола Груевски лажно и лицемерно изјавуваше дека барал повлекување на аболицијата, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Помилуваниот Груевски сакал да се осигура дека Специјалното јавно обвинителство ја запрело постапката за него.

Тој, преку одбраната, барал да добие примерок од наредбата на СЈО за запирање на постапката против него. Тоа е најсилната потврда дека Никола Груевски гледа единствен спас во аболицијата.

Свесен дека е виновен, се обидува да обезбеди документ коjшто по закон нема право да го одбие.

Се е јасно Никола. Сите лажни, лицемерни изјави излегоа на површина, никој не ти верува. Готово е.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус