(ВИДЕО) Манчевски: Сега е момент да го довршиме падот на режимот на Груевски

Од:

Ова не се само локални избори. Сега треба да го довршиме дефинитивниот пад на режимот на Никола Груевски, порача потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на денешниот митинг во Сопиште, на кој беше претставен кандидатот за градоначалник Далибор Богдановски и неговиот советнички тим.

Тој порача дека сега е моментот Македонија да заврти нова страница и локалната и централната власт, заеднички да се впрегнат, да се сконцентрираат на решенијата за проблемите што ги мачат граѓаните.

„Повеќе работни места, повисоки плати за луѓето, подобро образование, подобра инфраструктура, патишта, подобри канализации. Тоа очекуваат граѓаните и тоа ќе го добијат. Ги охрабрувам граѓаните да чукаат на вратата на Далибор и да бараат да се остварат нивните барања и да ја спроведе програмата што ја ветува во целост. Отворена и услужна општина за сите, тоа е нашиот концепт“, рече Дамјан Манчевски.

Тој најави силна поддршка од Владата за сите општини и проекти, за нивна целосна и ефикасна реализација и оцени дека не постои попосветен, поработлив, похрабар и поупорен човек во Сопиште од Далибор и поподобен за функцијата градоначалник.

„Овие избори се еден вид на повторен референдум. На 15 октомври ќе одлучиме дали ќе тргнеме напред и ќе заборавиме на се што ни се случуваше или ќе се вратиме во црнилото и деновите на режимот на Никола Груевски. Затоа сум цврсто убеден дека на 15 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, гаѓаните ќе гласаат за Далибор и дека на 15 октомври конечно целосно ќе го вратиме животот за сите луѓе тука во Сопиште“, порача потпретседателот Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“