(ВИДЕО) Манчевски: Да за македонската иднина, да за референдум, да за членство во ЕУ и НАТО

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, вчера се сретна со граѓани, симпатизери и поддржувачи на партијата во Штип.

Манчевски со граѓаните разговараше за остварените клучни ветувања од Програмата на Владата кои за само една година обезбедија повеќе пари за граѓаните, ги намалија трошоците за живот и придонесуваат за зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места.

Пред присутните, потпретседателот Манчевски ја потенцираше важноста од остварениот договор со Грција со кој се зајакнува и обезбедува македонскиот идентет, се решава две и пол деценискиот спор што ја влечеше Македонија надолу.

-Историскиот договор што го постигнавме пред се овозможува ставање печат на вековитоста на нашата држава, на нашиот идентитет. Значи признавање на македонскиот национален идентитет и значи признавање на македонскиот јазик. Повеќе да нема никаква дискусија или дилема околу тоа, нешто што цело време беше оспорувано. Дополнително, значи конечно отвoрање на перспективите за Македонија, за членство во ЕУ и НАТО. Значи дека ќе имаме шанса и за многу повеќе патишта, за многу повеќе инфраструктура, за многу повеќе работни места. Ги гледаме сите оние позитивни ефекти што се случуваат во сите оние земји коишто се приклучија во Европската Унија, рече Манчевски.

„Целиот демократски свет го поздрави решението на спорот. Секако, Вие, граѓаните ќе го кажете последниот збор на реферндумот што ќе биде одржан. Затоа, треба да се вложиме и заеднички да кажеме ДА. Да кажеме ДА за членство во ЕУ и НАТО, ДА за повисок стандард, побезбедно опкружување, повисоки плати, да кажеме историско ДА за македонската иднина – порача Манчевски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски