(ВИДЕО) Манасиевски: СДСМ ги одби амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за доделување 40 милиони денари за реконструкција на студентски домови

Од:

„Младите не постојат за оваа власт. Пратениците на СДСМ вчера го одбија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за додавање на средства во ребалансираниот Буџет за реконструкција и одржување на студентските домови во вредност од 40 милиони денари.

Со СДСМ живееме во време на апсурди. Власта има пари за луксузи, 670 илјади евра за цвеќиња, 40 илјади евра за кафе и 1 милион и 600 илјади евра за лубриканти, но нема за студентите, нема за младите, и нема за оние на кои им е најпотребно.

Власта, од која дел се и така наречените големи поборници за правата на младите и студентите Павле Богојески, Ивана Туфегџиќ и Дарко Каевски експресно ги одби амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока за подобрување на условите во студентските домови.

Имајќи ја предвид се полошата ситуација во која се наоѓаат студентските домови и неодговорноста на власта сметаме дека парите кои власта ги одвојува не се доволни. Дотолку повеќе што СДСМ веќе скрати 57 милиони денари од ставката за реконструкција и одржување на студентски домови“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во услови кога секојдневно слушаме како студентите немаат топла вода, парното е слабо, а храната која им се служи на студентите не ги задоволува ниту потребните калорични и нутритивни потреби на еден човек, власта крати пари наменети за студентите.

Почитувани господа од власта откако седнавте во фотељите ги заборавивте младите. Многу ветувате ништо не исполнивте. Ви помина половина мандат, а никаде го нема ветениот студентски град кој требаше да го почнете во првите шест месеци од вашето владеење, никаде ги нема ниту младинската гаранција, а ги нема ниту парите за подобар студентски стандард. Буквално нема ништо од она што го ветивте. Ветивте, па излажавте. Ги злоупотребивте младите за гласови.

Младите се излажани и изневерени. Оваа власт која си поигра со младите мора час поскоро да си замине. Немаме два животи за да чекаме на власта да и текне дека младите се приоритет и дека чекаат од власта да им ги подобрат условите за живот. Заминете си пред штетите по младите да бидат уште преголеми“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел