(ВИДЕО) Манасиевски: Еден лист од тревата на Шилегов на плоштад чини 1 евро, затоа му даваме цела тепсија со трева која чини помалку од евро

Од:

„Денеска сме пред објектот на градот Скопје, дојдовме бидејќи чувме дека градоначалникот Петре Шилегов и покрај тоа што е љубител на многу земски задоволства е љубител и на скапа зелена трева, по примерот на онаа наседена во стогиот центар на градот, во популарното трло на плоштадот кое чини неверојатни 530 илјади евра. И плус уште толку за зелениот кров на ГТЦ.

Ова зелено задоволство на Шилегов, скопјани ги чини 1.1 милиони евра. Затоа ние дојдовме да му понудиме тепсија трева кој целата чини помалку од едно евро, а ние во духот на солидарноста ја даваме бесплатно. Оваа тепсија трева е далеку поефтина од златната трева во трлото на плоштадот, каде што веројатно еден лист чини 1 евро. Ова е македонска корова трева, која им пркоси на минливи и фрустрирани политичари. Оваа слично како и тревникот на плоштадот може да се користи повремено за овци, а може и да трчка по некое зајче од познатата раса муртиногејт“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но шегата на страна, нервозниот Градоначалник Петре Шилегов и неговиот тим длабоко се заглавија во овој скандалозен и скап проект.

Еднаш велат Градот Скопје гради, еднаш велат анонимни граѓани саделе трева. Се прашуваме дали утре и задутре некој анонимен граѓанин нема да изгради нова платформа на Матка, зграда сред паркот или кафана на покривот на ГТЦ и Петре Шилегов нема да отиде тоа да го презентира пред медиумите како свој нов прескап проект?

Народот вели не за кого е речено, туку за кого е печено, со здравје милионската трева. Туку господине Шилегов, до каде е оставката, или уште планираш да ќе ги мачиш скопјани, а и скопјани да се мачат со тебе“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка