(ВИДЕО) Манасиевски: Денешните избори во СДСМ се севернокорејска демократија

Од:

„Со денешните избори во СДСМ севернокорејската демократија се повеќе и повеќе продира во Македонија. Кој сака, нека честита. Никој во СДСМ не смееше да се спротивстави на единствениот кандидат на изборите, Зоран Заев. Затоа 69-те илјади гласачи на СДСМ денес на гласачкото ливче имаат едно име кое мора да го заокружат. Ако не го заокружат, веројатно им следи службена белешка од партиското обвинителство и суд и престој на современиот Голи Оток.

Како во најдобрите времиња на комунизмот и тоталитаризмот, партијата која се нарекува демократска одржува избори на кои се гласа за само еден кандидат“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Онака како што СДСМ ја гледа демократијата во својата партија, така ја гледа и во државата. Затоа не ја води Македонија кон ЕУ, туку ја води кон Северна Кореја.

*Зоран Заев денес не само што е единствениот кандидат и единствениот претседател, веројатно е и единствениот потпретседател, генерален секретар, и веројатно единствен домар во седиштето на Социјал демократскиот сојуз на севернокорејска Македонија.

*По ист принцип Зоран Заев ја води и Владата на Република Македонија. Не само што е премиер, туку е и нагазувач на судството, креатор на хаосот во финансиите, координатор на партизираните органи на државата, веројатно координатор и на посредниците во набавката на вакцините и воедно единствен и главен виновник за состојбата во која се наоѓа државата денес.

На гласачите кои на ливчето имаат да бираат меѓу Зоран и помеѓу Заев им честитаме за поддршката на севернокорејската диктатура и режимот кој веќе не е ниту хибриден.

Им порачуваме дека вакви избори со еден кандидат недемократите од СДСМ може да си одржуваат на секои 2-3 недели и да си го бираат Заев, но наскоро ќе дојде денот кога ќе мора да се соочат со вистинската волја на граѓаните и поразот на катастрофалните политики на нивниот црпнат диктатор.

Како симбол на обидот за воведување севернокорејска диктатура во Македонија, пред владата го оставаме ова уметничко дело наречено „Споменик на лудилото“, кое треба да ги потсети и сите кои денес го гласаат единствениот кандидат, но и сите кои некогаш му верувале на овој човек, за каков човек се работи и какви вредности промовира и пропагира.

Севернокорејска диктатура во Македонија, никогаш повеќе“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски