(ВИДЕО) Манасиева: Мицкоски молчи за шовинизмот на Стоилковски

Од:

„Социјалдемократската младина на Македонија најостро го осудува говорот на омраза и шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, упатени кон министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Недозволливо е портпарол на парламентарна партија да употребува сексистички изрази и говор на омраза насочен против жените.

Недоличниот и срамен потег на Стоилковски беше осуден од целата јавност, од политичките партии од граѓанските здруженија и движења.

Само Христијан Мицкоски молчи и не го осуди вулгарниот чин на неговиот портпарол“, рече Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

„Тоа покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Во ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски се уште е присутна матрицата на Никола Груевски.

Матрица на навреди, ширење омраза и понижување на жените.

Мицкоски мора да излезе и јавно да ја осуди шовинистичката постапка на портпаролот на неговата партија.

Во спротивно, ќе покаже дека останува посветен на матрицата на навреди, омраза и поделби.

СДСМ останува посветена на градење концепт на едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.

Во Република Северна Македонија не смее и нема да има простор за дискриминација, шовинизам и омаловажување на жените“, изјави Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он