(ВИДЕО) Повторно малолетнички вандализам во Капиштец, кршење и тепачки

Од:

Во скопската населба Капиштец, повторно вандализам од малолетни лица со непримерно однесување. Група малолетници кршат шишиња, палат петарди и предизвикуваат тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Тој нагласи дека очекува брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија.

Дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало беше уништена исто пред неколку месеци. Беше уништен клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу кај „Зебра“. Искинати беа кабли и уништени лулашки и огради.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател