(ВИДЕО) Макрадули: Во законот не пишува дека треба да крадете, па вие крадете

Од:

Поранешниот пратеник на СДСМ, Јани Макрадули, на профилот на Фејсбук потсети на својот говор на 74. собраниска седница од минатиот состав, на која на дневен ред беше предлог-закон за изградба на автопат – делница Миладиновци-Штип.

Тој тогаш предупреди дека договорите кои ги прави Србија со кинеските компании чинаат двојно помалку и рече дека тоа го покажуваат податоците од интернет страницата на српското Министерство за инфратструктура.

„Кој ќе ја понесе одговорноста за пропаднатиот проект „Концесија на автопатиштата“, за кој само на француската консултантска куќа „Луј Берже“ се исплатени 1.4 милиони евра и како тоа цените кои што во 2010 година според Министерството за транспорт и врски имаат една вредност, сега се дваипол пати или три пати поскапи. Добро е да се гради, ама добро е да се гради економично и во интерес на граѓаните. Од патарините во Република Македонија годишно се собираат 21 милиони евра. За седум години, само од патарините може да се изгради Миладиновци-Штип. Седум години Силвана Бонева, Влатко Ѓорчев, Илија Димовски го одбиваат амандманот Миладиновци-Штип да се гради. Секоја година се зголемува бројот на жртвите на тој правец, ама затоа се зголемува бројот на фонтани, на златните славини во театарот и на бројот анекси за проектот „Скопје 2014“. Во стандардите при градење на еден автопат ако нешто отскокнува повеќе од 10 отсто, тоа е криминал и затоа Србите го имаат ставено во законот, ама вие го немате тоа во законот. И во Законот за јавни набавки не пишува дека треба да крадете, па вие ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се утепавте од крадење“, е дел од говорот на Макрадули од собраниската говорница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар