ВИДЕО: Македонски кардиолози на најголемиот конгрес за интервентна кардиологија во светот

Од:

Кардиолози од „ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања- Охрид“ и универзитетеската Клиника за кардиологија од Скопје престојуваат на најголемиот конгрес од областа на интервентната кардиологија TCT 2018 кој секоја година се одржува во САД , а оваа година домаќин на настанот е градот Сан Диего во Калифорнија.

На овој годишен собир Кардиолошкиот Завод од Охрид го претставуваа Д-р Никола Бакрачески, Д-р Дејан Манчески и Д-р Благоја Стефаноски од Охрид, а Д-р Оливер Бушлетиќ ја претставуваше Клиниката за Кардиологија од Скопје. Нивното учество на конгресот беше заокружено со успешна презентација на интересни клинички случаи и техники на работа кои се применуваат во Охрид.

На ТСТ 2018 се презентираа најновите научни и технолошки достигнувања, како и техники на работа во областа на Интервентната кардиологија, на софистициран начин преку пренос во живо од различни операциони сали од повеќе реномирани центри во светот, но и преку дидактички лекции и интерактивни тренинзи, за кои државното здравство во Македонија се обидува да следи чекор и да ги применува.

Раководителот на Интервентната кардиологија во Охрид, Д-р Никола Бакрачески одржа презентација на случаи на тема „ Како не треба да се пристапува на коронарна бифуркација“.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка