Македонска алијанса за европска интеграција ги отфрла тврдењата на Вангел Дуле, претседател на грчката партија, Партија за човекови права, која на заедничка прес-конференција со Изеир Фетаху, претседател на Партијата за демократски просперитет, ја претстави оваа партија како “партија која ги штити Бугарите во Голо Брдо“.
Во Голо Брдо не живеат Бугари, туку етнички Македонци.
Партијата за демократски просперитет до вчера се претставуваше во македонската јавноста како втора македонска партија, а од денеска се претставува како бугарска партија.
Оваа партија не е ниту “бугарска” ниту “македонска”, затоа што е формирана во 1991 година како граѓанска партија, додека партии на етничка основа се дозволени со закон дури од 2004 година.
Жалиме што грчката партија, Партијата за човекови права, е инструмент на грчката и бугарската држава против Македонците во Албанија.
Истовремено, жалиме што одредени институции во Македонија ја поддржуваат оваа партија, а против едниствената Македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција.
“Сакам да го изразам моето задоволство што во ова конференција излегувам со г-дин Изеир Фетаху, причината е што денеска го осудуваме произволниот чин на Државната Изборна Комисија, што ја исклучи од конкуренција Партијата за Демократски Просперитет. Причините за нејзино одбивање се целосно апсурдни и неприфатливи” – рече Дуле.
Претседателот на грчката партија рече дека во рамките на соработката со г-дин Фетаху кој е и претседател на ова партија, ќе е носител на листите на ПЧП (Партија за Човекови Права) за регионот на Елбасан.
“Ние одлучивме да соработуваме во овие политички избори. Партијата за Демократски Просеритет што ги преставува интересите на бугарската заедница во Голо Брдо ќе соработува со нас на овие избори. Нашите цели се заеднички, почитување на човековите права и почитување на малцинствата. Г-дин Фетаху ја предводи нашата листа во регионот на Елбасан” – рече Дуле.