ВИДЕО: Македонката Ирена Петковиќ уапсена на аеродромот во Брисел

Од:

Макeдонката Ирена Петковиќ како и што претпоставуваше самата е уапсена синоќа, веднаш по слетувањето на ародромот во Брисел и е сместена во женскиот затвор Укле.

Неа судот во Брисел ја осуди на четиригодишна затворска казна без покана за судењето и во отсусво поради наводно киднапирање на нејзината малолетна ќерка. Таа на прес конференција во Скопје најави дека и покрај судската одлука ќе оди во Брисел за да ја земе пресудата.

-Во затвор сум, во женскиот затвор во Брисел. Го очекувам адвокатот, изминатата ноќ ја поминав во притвор, денеска сум во друг затвор – напиша Петковиќ на својот Фејсбук профил.

На Македонката Ирена Петковиќ судот во Брисел во отсуство и пресудил дека го киднапирала сопственото дете, и поради тоа и одредил провизорна четиригодишна казна затвор и половина милион евра отштета која треба да ја плати на таткото, пораанешен функционер на ЕУ. Таа не ја видела пресудата, од судскиот процес кој бил воден без и да биде поканета.

-Фрапирачки е што судењето било водено во континуитет, а јас не бев информирана иако повеќе Белгија не го ни бара детето да го врати кај татко му. Судењето иако се водело и покрај знаењето на судот дека Хашката Апликација за автоматско враќање на детето кај таткото е одбиено од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, рече мајката Ирена Петковиќ, пред патот за Брисел.

Според неа, таткото досега не покажал никаква релана грижа за детето и одбивал секаква комуникација со неа.

На малолетната К.Ж. и е издадено државјанство од 2009 година со согласност на нејзиниот татко. Додека јурисдикцијата е добиена по 3 месеци од одбивањето на хашката апликација за враќање на детето и по престојот на истиот повеќе од една година во држава каде што е однесено.

-Искрено, директно го прашувам судот во Белгија кој е ефектот од изрекувањето на затворска казна и фрлае на црна дамка во животот на мојата малолетна ќерка. Утре заминувам за Брисел за да го решам статусот на моето дете за да живее слободен живот, со правна изрегулирана грижа од двата родители, изјави Петковиќ.

Голготата за Ирена Петковиќ започна кога поред две години била малтретирана од нејзиниот поартнер, тогаш висок функционер на ЕУ. Судот никогаш не и го одзел старателството, само физичката грижа била пренесена на таткото оставајќи ја мајката да ја гледа еднаш неделно на 8 часа.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористот од Брисел застрелан во кафуле, не се знае дали преживеал

Катерина Ѓуровски