(ВИДЕО) Лукровски: Решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг места во Карпош

Од:

Недостигот на паркинг-места во Карпош одамна не е само технички проблем, туку секојдневен извор на нервоза, губење време и нарушен јавен ред. Сцените се повторуваат секоја вечер, возачи кои кружат во маалата по 15 минути барајќи место, автомобили поставени на тротоари и пешаци кои се принудени да чекорат по коловозите, изложени на опасност. Карпош, кој треба да биде пример за уреден и современ урбан кварт, денес функционира како импровизирано паркиралиштe, изјави Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму затоа, во нашата програма предвидуваме воведување на системско, долгорочно и зелено решение. Ќе започнеме со изградба на монтажни катни гаражи опремени со соларни панели, со вкупен капацитет од 600 нови паркинг-места. Овие гаражи нема да бидат уште еден бетонско блок решение, туку модерни, функционални конструкции кои ќе произведуваат чиста енергија и истовремено ќе ослободат вреден јавен простор што денес е окупиран од хаотично паркирање. Ќе бидат распоредени рамномерно низ општината, така што ниеден дел од Карпош нема да остане запоставен.

Во Карпош 2 и 4 ќе се создадат по 120 нови паркинг позиции, кај Млечен – 90, во Карпош 3 – 110, во Влае – 70, и дополнителни над 100 нови места ќе бидат поставени во Козле, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што родителите секојдневно се соочуваат со вистински сообраќаен хаос при носење и земање на децата од настава.

Воведувањето на 600 нови паркинг-места ќе значи многу повеќе од само нова инфраструктура. Тоа значи враќање на редот на улиците и ослободување на тротоарите за оние кои им припаѓаат. Пешаците повторно ќе се движат без страв, родителите со колички ќе можат да поминат без да заобиколуваат возила, а децата ќе добијат побезбедни маалски улици.

Дополнително, со примена на решенија што произведуваат сопствена енергија, Карпош ќе покаже дека може да биде модерен, ефикасен и еколошки одговорен градски систем. Со оваа инвестиција се создава не само простор за автомобилите, туку и мир за луѓето.

Ова е повик за нов урбан ред во Карпош во кој инфраструктурата работи за граѓаните, а не против нив. Време е улиците повторно да бидат за движење, тротоарите за пешачење, а паркинзите за паркирање – и тоа организирано, безбедно и достоинствено. Така и ќе биде, нагласи Лукровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Јакимовски: Лукровски не се појавува на работа по боледувањето, за три дена недоаѓање се добива отказ

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Општина Карпош: Градоначалникот Лукровски нема поднесено оставка, во мометов користи боледување

А1он

Јакимовски: Лукровски злоупотребил национални чувства за лична промоција