(ВИДЕО) „Луѓе се качуваат пеш до 40-ти кат, немаме струја, немаме вода“ – Управителот на „Џевахир“ не ја платил сметката кон ЕВН

Од:

Двете висококатници во комплексот „Џевахир“, кула А и кула Б од попладнево се без електрична енергија која се користи за заедничките простории, ходниците, осветлувањето, лифтовите и за работата на пумпите кои на граѓаните им испорачуваат вода во становите. Станарите немаат лифт и се принудени да се качуваат пеш и до последниот 40-ти кат, а немаат ниту вода поради неработењето на пумпите.

Електричната енергија им е исклучена поради три неплатени сметки. Станарите уредно ги подмирувале сметките кон фирмата сервис за одржување, но таа како управител на висококатниците не ја уплаќала сумата на сметката на ЕВН.

За неплатени сметки се ЕВН исклучил четири броила од заедничките простории во кулите.

– Немаме струја во лобито, на рецепција, во велнес центарот, козметичкиот салон и во аптеката. Сите се поврзани на едно броило. Ходниците се осветлени со помош на генератори, а и лифтовите малку работеа со генератори. Вкупно имаме пет броила по зграда кон ЕВН. Немаме увид колку се должи кон ЕВН, иако сме побарале од управителот. Наскоро ќе ни пуштат вода, но долг период ќе сме без греење и топла вода – рече за „А1он“ станарка од кула А.

Во моментов се одржува седница на советот на станари кои треба да одлучат како да се реши проблемот кој го имаат со месеци со управителот на зградите.

Тој не ја плаќал сметката за ЕВН иако противзаконски ја делел сметката само на станарите кои биле вселени, односно не ја превземал обврската тој или инвеститорот да ги подмирува режискитре трошоци на становите кои се уште се на продажба.

Во другите нови градби во Скопје, инвеститорот ги плаќа трошоците за одржување на зградата и заедничките сметки за становите кои не му се продадени. Струјата која се користи за осветлување, лифтови, рампи, базен, топла вода се на заедничко броило, а граѓаните во своите домови имаат струја затоа што секој од нив има сопствено броило.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он

ЕВН: Ниските температури не предизвикуваат повеќе испади од вообичаено во електро-дистрибутивниот систем

Дали се прави обид да се дисквалификува ЕДС со непочитување на Законот за јавни набавки?

А1он