(ВИДЕО) Ловенец: Мицкоски дома зборува дека е против Договорот со Бугарија, а вчера пред Борисов кажа дека го поддржува

Од:

„Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам. Едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата. На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство.

Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски“, прашува Хари Ловенец, пратеник на СДСМ.

„Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски? Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик.

Кому сега ќе му се извини Мицкоски за неговите лажги со опашки? На граѓаните или на бугарскиот премиер Борисов?

Овој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси! Се потврди, Мицкоски нема став.

Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници. Тоа е истата матрица на Никола Груевски.

Мицкоски не може да понуди ништо освен лажен патриотизам, лицемерие и одбрана на криминалот. Затоа граѓаните ќе го казнат таквиот нечесен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не сакаат лицемерни и политичари кои немаат став, кои едно зборуваат дома, друго надвор. На 12 април доаѓа поразот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски“, изјави Хари Ловенец, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски