ВИДЕО: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Од:

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово.

Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ