(ВИДЕО) Левица: Повторно ја одложивме седницата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ крие информации за патни трошоци и кирии на пратениците

Од:

Како што беше најавено на претходните седници – пратеникот Сашко Јанчев денеска повторно побара едночасовна пауза на почетокот на 49. седница на Собранието.

Причината за ваквиот тип на блокада е поради опструкции на Генералниот секретар на Собранието и собраниските служби коишто одбиваат да достават информација за тоа колку средства за патни трошоци и кирии инкасирале пратениците.

Согласно чл. 33 и чл. 32 од Законот за пратениците и член 35 и 67 од Деловникот на Собранието, Службата на Собранието и Генералниотт секретар на Собранието не смеат да игнорираат барање на пратеник. Пратеничкото барање на пратеничката Мојсоска со кое се бара поименично наплатени износи за патни трошоци и кирии од пратениците е поднесено пред четири месеци и уште не е одговорено. Пратеничката група на Левица ќе продолжи со барање пауза на секоја наредна седница додека не се одговори на пратеничкото барање за наплатени патни трошоци и кирии.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски