ВИДЕО: Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Од:

Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните.

„Ова го предлагаме веднаш по најголемото задолжување во историјата на Република Македонија – шест милијарди евра. За да се избегнат штетните ефекти од евентуални мерки на штедење, потребно е веднаш да се зголеми минималната плата“, изјави Мециновиќ.

Тој ја критикуваше Владата и владејачката коалиција за, како што рече, системско разбивање на синдикалното организирање и притисоци врз работниците.

„Јавноста беше сведок на дискредитации, манипулации и директни притисоци врз синдикалното движење. Сега сме во фаза каде што челници од ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок работниците да го напуштат автентичниот синдикат и да преминат во алтернативни, структури кои тврдат дека и сегашната минимална плата е доволна.“, додаде тој.

Мециновиќ нагласи дека сегашната минимална плата од 24.000 денари не е доволна за основна егзистенција и дека „граѓаните бројат денари и денови како да преживеат во услови на инфлација“.

„Од енергетската и корона кризата, па наваму, видовме како профитот на најголемите компании расте. Затоа товарот од економската криза мора конечно да го сноси бизнис-елитата, а не обичниот работник“, потенцираше пратеникот.

„Овој закон не ги ни исполнува потребите на нашите граѓани, но е чекор напред кон подобрување на нивната куповна моќ и егзистенцијална сигурност. Време е да се прифати ова решение“, заклучи Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра