(ВИДЕО) Левица: Општина Карпош ќе плати 2,4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

Од:

Блокирана општинска сметка, милионски тужби и кратење наменски средства е епилогот од расипничкото владеење на Стевчо и неговото шурување со олигарсите! На последната седница на Советот на Карпош, беше поставена точка за итна пренамена на 16 милиони денари од буџетот за деблокада на општинска сметка и истата беше изгласана со мнозинство обезбедено од Градоначалникот, објави Левица.

„Но, советничката група на Левица реагираше и бараше појаснување за потребата да се одвојуваат по 8 милиони денари во наредните 15 месеци за исплати по тужба од Свето “Пивара”. Имено, поранешниот сопственик на Скопска Пивара е исто така и земјопоседник во Карпош, односно неговата фирма Инвестмент Интернатионал е сопственик на празната парцела наспроти салата Борис Трајковски.

Откриваме, дека тој добива тужба против О. Карпош, која претходно сакајќи да избегне друга тужба од Пуцко Петрол за 15 миллони евра за поништување на ДУП со кој тој добиваше простор за бензинска пумпа, пренаменува дел од имотот на Свето за изградба на сервисна улица. Иако улицата никогаш не беше изградена, а ДУП-от подоцна беше и поништен од Уставен Суд, Јаневски ќе добие над 132 милиони денари од Општината!

Неодговорноста на Јакимовски и неговото кокетирање со овие олигарси, потоа носи дополнителни 16 милиони денари штета во камати и нотарски трошоци, бидејќи цела година ја одолговлекува исплатата! Залудни се манипулациите на Јакимовски, ДПМНЕ и СДС дека мора да гласаат и дека Општината е ставена пред свршен чин, бидејќи целиот проблем е создаден кога во 2016 токму Стевчо го создава спорниот ДУП за Пуцко Петрол, а подоцна повторно Богоев го донесува, шверцерски, на само месец пред крај на својот мандат. Левица бара одговорност за расипничкиот однос на сите овие чинители со што се доведува во ризик функционирањето на општината и се крати од буџетот за градинки, уредување паркови, одржување на инфраструктура, за да се полнат џебовите на бизнис елитата со парите на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски