(ВИДЕО) Лефков: СДС прави упад во Академијата за судии и јавни обвинители

Од:

СДС врши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, покрај тоа што Советот на обвинители и Судскиот совет назначија свои членови во УО на истата, кои немаат право да ги назначат, за заменик член во Академијата ја назначија и Емел Кранли, братучетка на Ветон Кранли, началник на организирам криминал во време на Спасовски. Емел Кранли, е назначена за заменик на Антоанета Димовски, која е сестра на Снежана Калевска Ванчева од СДС, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ветон Кранли беше десна рака на Оливер Спасовски во МВР. Очигледна е партиската поврзаност при назначувањето на неговата братучетка во УО на Академијата за судии и јавни обвинители. СДС со последни сили се обидува да ја партизира Академијата. Очигледно е дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители делуваат како испостава на СДС. Упадот во Академијата за судии и јавни обвинители е диригиран од СДС. Најновите назначувања во УО на Академијата за судии и јавни обвинители се спротивни на закон и истите треба да се повлечат. Очекуваме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, а ДКСК и ЈО да реагираат по овој упад диригиран од СДС, а извршен преку двата совети – тврди Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?