(ВИДЕО) Лефков: Филипче да каже кој и дали се вакцинирал преку ред?

Од:

„И денеска сме овде пред Министерството за здравство. Со денови барамe декласификација на документите на вакцинирани, а Филипче бега. Самиот факт што бега, говори дека си ја има „мувата на капата“.

Не смее и не може додека докторите се борат за нашите животи деноноќно, некој друг да се вакцинира преку ред“, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо примарна заштита на лекарите и медицинскиот персонал, ние имаме вакцинации како таа на секретарот на струшката болница, кој се вакцинираше преку ред. Колку уште такви случаи има и кои имиња се кријат?

Филипче, дали е вистина дека се прават списоци за приоритетна вакцинација на лица од власта и од СДСМ?

Филипче, уште колку време мислиш дека ќе криеш кој се вакцинирал преку ред. И да не кажеш сега, наскоро по промената на власта ќе се отвори документацијата и се ќе биде објавено јавно. А тогаш нема да ги имате ниту институциите кои ве штитат, ниту блокадата во медиумите кои ја создаваат од Владата.

Се ќе излезе на виделина. Сите вакцинирани преку ред ќе се дознаат. Ќе одговарате за секој прерано згаснат живот“, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски