(ВИДЕО) ЛДП: Кожув да се прогласи за заштитено подрачје

Од:

На трибината одржана завчера во Гевгелија, “Аргументи за претсојниот референдум – против рудниците на планината Кожув“, потпретеседателот на Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, помеѓу другото, истакна дека принципите на одржлив развој подразбираат економски развој, кој е целосно усогласен со висок степен на заштита на животната средина и грижа за здравјето на луѓето.

Геолошките истражувања за експлоатација кај месноста Kоњско и Коњска река, на површина од околу 4.000 хектари се вршени во нетранспарентна постапка, без учество на јавноста што е спротивно на Архурската конвенција, која е потпишана и ратифицирана од Република Македонија и спротивна на законодавството на нашата држава. Евентуалната експлоатација на руда на овие локалитети би довела до уништување на големото шумско богатство, до деградација на животната средина и до загрозување на здравјето на граѓаните. Шапуриќ нагласи дека е потребно да се размислува во обратна насока, односно да се отпочне со активности за прогласување на заштитено подрачје на планината Кожув која изобилува со богата флора и фауна, односно со шуми, води, дивеч и нуди огромни потенцијали за рекреативен и еколошки туризам.

На трибината покрај Зоран Шапуриќ, учествуваа и Пеце Мирчевски од СДСМ и Лијана Поповска од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори