(ВИДЕО) ЛДП: Апелираме сите пратеници да се охрабрат и приклучат на визијата за европска Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија, донесе историска одлука која што не носи чекор поблиску до остварувањето на нашата визија – за силна и стабилна држава членка, на клучните меѓународни организации, рече Моника Зајкова од ЛДП.

– Поддршката од 80 пратеници, која што ја доби Предлогот за пристапување кон промена на Уставот, е преточување на волјата на граѓаните, кои на референдумот јасно и во огромно мнозинство дадоа поддршка за европска Македонија. Либерално – демократската партија е одлучна за иднина која гарантира перспектива за сите, а особено за младите луѓе, кои до неодамна овде во Македонија не гледаа шанса за напредок и развој. Наша единствена цел е да обезбедиме подобар животен стандард за сите граѓани , како и гаранции младите да не се иселуваат во странство, но да градат просперитетна иднина тука, во Република Македонија, рече Зајкова.

Таа рече дека предолго сме биле заложници на структури кои единствено мислеле и се залагале за остварување на личните и партиските цели.

– Време е да се обединиме и заеднички да се спротивставиме на сите кои и понатаму сакаат да ја држат оваа земја заробена во минатото. Одлуката што пратениците ја донесоа, за отворање на европскиот пат претставува силна порака за обединување на сите прогресивни сили во општеството. Либерално – демократската партија апелира во периодот што следува сите пратеници да се охрабрат и приклучат на визијата за европска Македонија. Сите ние заедно, со поддршка на граѓаните ќе го изодиме овој пат, за Македонија да ја видиме рамо до рамо со сите светски и европски сили во Европската унија и НАТО. Визијата за модерна, развиена и стабилна Македонија, победува, рече Зајкова.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот