(ВИДЕО) Лазов: Комисијата за заразни болести работи под диригентска палка на Заев, затоа потребно е консолидирање на системот

Од:

„Четврти месец од коронавирусот и наместо да бележиме пад на заболни и да говориме за закрепнување од коронакризата на сите полиња, како што е тоа во соседните земји, Македонија се’ уште брои двоцифрени бројки на новозаболени, a брои и починати лица.

Македонија е земја во која веќе има втор пик, а не како што беа проценките дека тоа ќе се случи евентуално есента“, рече Кирил Лазов, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од крајот на февруари, кога беше регистриран првиот случај на коронавирус во Македонија до денес, едно е јасно – надлежните институции целосно потфрлија.

Состојбата јасно укажува дека надлежните не се водат од професионалните стандарди, туку од барањата на Заев и Филипче.

Комисијата за заразни болести работи под диригентската палка на Заев, а не на професијата.

Се гледа резултот од политичкиот диктат – голем број новозаразени во едно деноноќие, како што и во секое денононоќие има и починати лица.

Бројката на новозаразени јасно кажува дека е неопходно итно консолидирање на системот. Бројката на новозаразени говори дека станува збор за втор бран.

Филипче и Заев заборавија на граѓаните и нивното здравје. Ама Филипче и Заев се погрижија да постават послушници во Комисијата за заразни болести, лица кои се подготвени да ја стават професијата на страна и да се стават во служба на политиката.

Потребно е веднаш да искористи потенцијалот на професионалците и да се формира ново тело од експерти на кои приоритет им е здравјето на граѓаните.

Потребно е да се консолидира системот.

Нема време и простор за политика. Потребна е акција за заштита на здравјето на граѓаните“, изјави Кирил Лазов, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски