(ВИДЕО) Лазаревски: Трајановски и Груевски мора да сносат одговорност поради масакрирањето на зеленилото во Скопје

Од:

Васко Лазаревски, кандидат за член на Советот на Град Скопје од СДСМ и коалицијата денеска во изјава за медиуми рече дека зеленилото во Скопје, по кое што градот бил препознатлив било масакрирано од Коце Трајановски за задоволување на мегаломанските апетити на неговиот шеф, Груевски за потребите на проектот „Скопје 2014“.

– Покрај овој култен зелен простор, под налетот на криминалните апетити на Трајановски и Груевски настрадаа уште дузина паркови како Паркот пред Домот на АРМ, паркот Жена Борец, паркот пред КИЦ (катна гаража) Паркот зад Собранието на РМ (катна гаража) двете зелени парцели околу плоштадот Македонија, паркот зад главната пошта, зелените парцели околу МОБ и многу други. Коце Трајановски и Никола Груевски мора да сносат одговорност што поради лични интереси ги украдоа јавните простори и што со масакрирањето на зеленилото придонесоа Скопје да стане најзагаден град во Европа, рече Лазаревски.

Тој додаде дека како идна советничка група во Советот на Град Скопје се обврзуваат да го унапредат зеленилото и да ги заштитат постојните зелени простори.

– Ќе инвестираме во нови зелени површини, зелени кровови и вертикални зеленила. Нема да дозволиме ниту еден квадрат јавен простор да биде жртвуван заради нечии криминални и бизнис интереси. Затоа, на 15 октомври сите заедно да се избориме за промени и за нова одговорна градска администрација која ќе донесе повеќе зеленило, нови јавни простори и живот за сите во Скопје, рече Лазаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”