(ВИДЕО) Лазански: Живаљевиќ ми кажа дека на 27 во Собранието имало уште 5 разузнавачи од други земји

Од:

Новинарот и пратеник на Српската напредна партија, Мирослав Лазански во интервју за балканската N1 телевизија рече дека било смешно тврдењето дека спроведувал медиумска пропаганда во Македонија во корист на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Лазански тврди дека на 27 април, крвавиот четврток во Собранието, освен Горан Живаљевиќ имало разузнавачи на уште пет други земји од регионот.

Пред новинарката од N1 тој тврдеше дека тоа што Живаљевиќ бил во Собранието тој ден било нормално.

Порталот „Крик“ објави транскрипти од прислушкувани разговори на службеник на српската амбасада во Скопје и припадник на БИА, Горан Живаљевиќ и Иван Стоиљковиќ, пратени во Собранието на Република Македонија и претседател на Демократската партија на Србите, врз основа на кои се формира сомневање дека тие влијаеле на Лазански да објави текст под наслов „Не ја даваме Македонија“ во српскиот весник Политика.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски