(ВИДЕО) Лавров кон грузиска новинарка: Имаш убава боја на косата

Од:

Шефот на дипломатијата на Руската Федерација, Сергеј Лавров при пристигнувањето во арената „Борис Трајковски“ вешто ги одбегна прашањата на новинарите, но го искоментира изгледот на новинарката од Грузија.

„Убава коса“, и рече Лавров на црвенокосата новинарка и влезе во салата каде што го пречека претседавачот и домаќин, министерот Бујар Османи.

Лавров за првпат од почетокот на војната во Украина пристигна во посета на една европска држава која е НАТО членка, а утре ќе одржи прес-конференција за македонските медиуми.

Лавров во Скопје допатува синоќа, некаде по завршувањето на вечерата во хотелот Александар Палас, како неформален почеток на состанокот на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Лавров: САД и Израел не бараат нормализација на односите

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Лавров: Со Иран се случува истото како и со уништените Ирак, Сирија и Либија

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Лавров: Време е да се спроведе идејата на Путин за самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син