(ВИДЕО) Ласовска: Кој лаже, Османи или Царовска?

Од:

Кој лаже, Вицепремиерот Бујар Османи или Мила Царовска? Дали Царовска намерно пласирала лажни вести и давала несреќни изјави или директорите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од ДУИ злоупотребувале десетици милиони евра?, запраша Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Кој ќе понесе одговорност за манипулациите во јавноста? Дали Царовска ќе одговара за лажно пријавување и ќе се повлече од функцијата или Бујар Османи ќе си даде оставка од вицепремиерската позиција за попречување и влијание врз истрагата која треба да се води против функционерите на ДУИ? Секој ден станува се појасно зошто Mакедонија е последна во Европа во однос на борбата против корупцијата и зошто држави како Свазиленд, Лесото или Руанда треба да ни бидат пример за правна држава. Ова што го гледаме со наводниот скандал во ПИОМ тежок 19 милиони евра е преседан кој покажува дека нема ниту правна држава, ниту борба против криминалот и корупцијата, рече Ласовска.

Таа додаде дека денеска бевме сведоци на изјава на вицепремиер кој кажа дека вчера лично побарал министер и инсистирал тој да се повлече за дадените изјави и да се корегира.

– Ваков несериозен однос кон јавноста навистина нема ниту во Свазиленд, ниту во Лесото, ниту во Руанда. Дали и колку пари се украдени од ПИОМ? Колкава е штетата врз 12.000 идни пензионери? Власта мора да одговори, дали кадрите на ДУИ кои директорувале со ПИОМ извршиле проневера или не? Која е одговорноста на Фросина Ременски и Мила Царовска кои веќе три години збирно министеруваат со МТСП? Вицепремиерот на владата, Бујар Османи, денеска јавно ја обвини Мила Царовска, дека шири лажни вести и дека нејзината изјава е несреќна и како што вели истата само шири шпекулации за некаква можна злоупотреба, рече Ласовска.

Како што кажа таа, Османи спротивно на Царовска вели дека не станува збор за никаква злоупотреба на средства и најави пријави за сите политичари и медиуми за лагите кои се изнесени.

– Хаосот кој го приредија Царовска и Османи мора да биде разрешен, граѓаните мора да знаат кој лаже, дали Царовска или Османи. Ги повикуваме и охрабруваме, институциите на прогонот целосно да го истражат случајот и да ја утврдат одговорноста. Доколку се утврди дека Царовска ги лажела граѓаните, таа мора да се соочи со кривична пријава за лажно пријавување и итно да си поднесе оставка за лажење на јавноста со цел замајување и добивање на ситни политички поени. Времето на лаги и манипулации со граѓаните заврши. Власта мора да одговара за хаосот кој го причини. Ова е уште една причина поради која се потребни предвремени парламентарни избори, рече Ласовска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов