(ВИДЕО) Кузмановска: Талат Џафери лаже дека не сум сакала да го потпишам извештајот

Од:

Тешко оди почетокот на седницата , на која единствена точка на дневен ред е извештајот за работа на Агенцијата за администрација. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Деловникот за работа на Собранието бил прекршен уште синоќа , кога околу полноќ завршила седницата на Комисијата за финансирање и буџет, а Извештајот не бил доставен до претседаталката на комисијата, туку бил потпишан од членови на власта.

-Имаше две груби прекршувања на деловникот. Извештајот на комисијата, според наши информации потпишан е од членови на комисијата, пратенци од парламентарно мнозинство, а второ прекршување е што на Законодавно-правната комисија воопшто не се отворои расправа за ребалансот, обвини Илија Димовски.

Претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска тврди дека таа до денеска не го добила извештајот на комисијата.

-Јас како претседател на Комисијата за финанасирање и буџет имам обврска да го потпишам извештајот од десетдневната расправа за ребалансот на буџетот. Комисијата заврши околу полноќ , а до денес немам таков извештај. Кога ќе го разгледам, ќе го потпишам извештајот, но имаме информации дека бил потпишан од СДСМ. Јас не стојам зад тоа. Тоа е грубо кршење на деловникот. Од Талат Џафери слушам дека не сум сакала да потпишам, тоа не е вистина, рече Кузмановска.

Собранискиот спикер Талат Џафери, пак уверува дека претседателката на комисијата Кузмановска одбила да го потпише извештајот:

-Јас бев присутен овде синоќа на полноќ и знаете дека дадов упатства да го потпишете извештајот, а тоа како постапивте вие е друга работа. Спорно не беше да добиете процедурално збор, туку писмото кое сакавте да го испратите.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски