(ВИДЕО) Кузеска: Со лаги Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини

Од:

„Преку пласирање невистини и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири, свесно и намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини.

Преку измислени конструкции Мицкоски се обидува да го деградира здравствениот систем.

Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во процесот на набавка вакцините се е законски и регуларно. Првите вакцини веќе се пристигнати, тече вакцинацијата на здравствените работници а се очекуваат и поголемите количини.

Сметаме дека позадината на оваа нервоза во белиот дворец и параноично штанцање невистини се должи на три причини: серијата порази од граѓаните, внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ и правдата која е веќе тука.

Главен протагонист на овие лажни вести за вакцините, покрај Мицкоски е и неговиот Антонио Милошоски, човек осуден и казнет во Германија за кривични дела.

Тоа е истиот Милошоски, демантиран од странски амбасади, познат по ширење лажни вести и манипулации, политичар против кого се води судска постапка и пред македонските судови.

Ете тој се обидува да го поткопува здравствниот систем и шири лаги за вацините.

Во текот на целата пандемија, од ВМРО-ДПМНЕ слушаме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем.

Нивните лаги, нивните деструктивни политики се провидни и беа казнети на изборите, ќе бидат казнети и повторно“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува