ВИДЕО: Кумановци ќе организираат хуманитарна акција за Србија и БиХ

Од:

Со цел да ја изразат својата солидарност и да им дадат помош на настраданите во поплавите во Србија, Република Српска и Босна и Херцеговина, непартиско Здружение на граѓани од Куманово од утре ќе започне голема хуманитарна акција, насловена „Куманово за Србија и БиХ“.

Акцијата која што треба да започне утре во 11 часот, а ќе заврши во недела, ќе се одвива на три локации, односно на Градскиот плоштад, во населбата Карпош и село Љубодраг.

-Знаеме каква несреќа ги зафати нашите северни соседи, вклучувајќи ги и Република Српска и Босна и Херцеговина. Наша цел е да им помогнеме што е можно повеќе и со какви било средства. Ќе гледаме да обезбедиме вода, конзервирана храна, хигиенски средства и слично. Во корелација сме со Црвен крст од Куманово, како и неколку други невладини организации- истакна Александар Крстевски.

Од Здружението апелираат во хуманитарната акција да се вклучат што поголем број граѓани, како и политички партии, компании и слично.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски