Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески беше дочекан во Крушево со извици од револтиран жител на градот по објавената „бомба“ која се однесуваше на Тоше Проески.
Од видеото на Револуционермк.ком се слуша како му довикуваат да помине во Спомен куќата на Тоше и таму да каже кој за кого гласал, кој ќе го избрка од работа и кои пари ќе ги прекине, но поранешниот министер со наведната глава го напушти градот.
– Во спомен куќа дојди, Миле, довикува жителот на Крушево до поранешниот министер.
Револтот кај крушевчани настана по објавениот разговор за кој СДСМ посочија дека е помеѓу Јанакиески и министерката за култура Канческа – Милевска каде што тој бараше да се прекине финансиската помош за Спомен куќата на Тоше и да се избрка неговата сестра од работа, поради тоа што не гласале за ВМРО – ДПМНЕ.
Според Револуционермк.ком Крушевчани се прашувале како не му било срам на Јанакиевски после тој разговор да се појави во Крушево, но и се запрашуваа дали можеби намерно е дојден да предизвика инцидент.