(ВИДЕО) Ковачки: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации

Од:

Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски. Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството рече на прес конференција која се одржа пред Владата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Тој побара премиерот Ковачевски да одговори дали зад уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ.

– Ковачевски и СДСМ треба да одговорат на следните прашања: 1. Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието? 2. Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби? 3. Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести? 4. Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието? 5. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја? 6. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица? 7. Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња рече Ковачки.

Ковачки побара одговорност од Спасовски и од полицајците кои како што рече ги пречекориле овласувањата.

– Ковачевски и Спасовски, не може да го разбиете единството на народот. Не може да ја уништите енергијата оти досега никој не победил народ.Нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”