(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Од:

Вчера на површина излегоа сите лаги на СДС и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугари во Устав и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина.
Гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во Уставот. Всушност, тоа е само изговор за се друго, изјави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Целта не била Бугари во Устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разоткриена. Вчера пропаднаа и сите лаги на СДС, чии политики не донесоа до ова дереџе, и кои кога подававме рака за соработка и заедничка национална стратегија не прифатија, туку тераа по свое, продавајќи се што може. И сега, кога го избришаа Македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП, СДС не чекаа ниту минута, и тргнаа да се ситат. Се е на виделина, веќе нема ништо сокриено. Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави” и ,,Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок.

Жално е што тоа што ние го говоревме, а за жал се случи вчера, го знаеја и во СДС и свесно првин потпишаа штетен договор, а потоа и со сите сили сакаа да ја обезличат нацијата ставајќи ја во процес кој требаше да заврши со целосна негација на Македонскиот јазик и идентитет. ВМРО-ДПМНЕ во таа игра не влезе, и нема да влезе. Само противењето на ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток уште кога СДС го потпишуваше договорот ја спаси државата од целосен срам и бришење на идентитетот.

Воедно ќе остане запишано и за векови запаметено дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и пред да се донесе срамниот амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент. Вистинските цели на Бугарија од вчера се на чисто, тие сакаат бришење на Македонскиот јазик и идентитет, бришење на историјата и бришење на вистината. Трагично е што за своите шовинистички политики се обидуваат да ја користат ЕУ, рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

Ескалација на протестите во Бугарија, демонстрантите предизвикуваа тензии на улиците

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ