(ВИДЕО) Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што го прави во Украина

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел. Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, ги соопшти очекувањата од состанокот.

„Денес сме сведоци пред голем предизвик за Европа и за целиот свет. Бевме убедени дека мирот во Европа никогаш нема да биде прекинат со ваквата агресија на Руската Федерација кон Украина. Тоа претставува невидено кршење суверенитетот и територијалниот интегритет на една независна држава. Ова предизвикува бегалска криза“ – рече Ковачевски.

Тој рече дека сите сојузници на НАТО се обединети и потсети дека Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ.

– Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина. Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање. Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава. На состаноците кои претходеа на овој самит во НАТО беше разговарано за зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано и на овој вонреден самит. Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет“ – порача Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски