(ВИДЕО) Ковачевски: РЕК Битола ќе остане во состав на ЕЛЕМ, во државна сопственост

Од:

Претседателот на СДСМ Битола Васко Ковачевски, денеска во изјава за медиумите рече дека ниту ЕЛЕМ, ниту РЕК Битола ќе се продаваат и дека вработените нема да останат на улица.

– Во изминатите денови, во екот на предизборната кампања, ДПМНЕ во немоќ и паника од нов катастрофален пораз во Битола, се обидуваат преку лаги и дезинформации да ги плашат битолчани со т.н пеколен план, цитирам…„дека РЕК е капарен за продавање, дека РЕК е веќе договорен за продавање“. Вистината е поинаква, една и единствена, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека РЕК Битола и понатаму ќе остане столб на електроенергетскиот систем во Македонија и дека ќе остане во состав на АД ЕЛЕМ во државна сопственост.

– Но исто така, РЕК Битола ќе биде главниот двигател на економијата во Битола и регионот, што не беше случај во 11 годишното владеење на ДПМНЕ. На парламентарните избори во декември минатата година, ветивме низа мерки за подобрување на состојбите во комбинатот. Ветеното го остваруваме. Овие дена, вработените во РЕК Битола повторно добиваат оброк, кој им беше скратен пред неколку години. Последната плата е зголемена за 5% на сменските работици. За многу брзо, ќе го вратиме и бесплатниот превоз за сите вработени, рече Ковачевски.

Тој додаде дека покрај подобрувањето на условите за вработените, еколошките проекти, зајакнувањето на дисциплината, домаќинското и одговорно работење, РЕК Битола ќе била и стабилен и моќен комбинат.

– РЕК Битола повеќе нема да биди извор на криминал и корупција, како во време на владеењето на Груевски и фамилијата. Граѓаните на Битола веќе препознаваат, и после промената на централната власт, на 15ти октомври следува нова промена со нова локалната самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ