(ВИДЕО) Ковачевски: Пред нас е усвојување на уставните измени со консензус од сите пратеници во Собранието

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во истовреме го обвини ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на уставните измени и изрази уверување дека пред нас е усвојување на амандманите со консензус во Собранието.

– Денес стана јасно кој ја блокира земјата, а кој сака Македонија да стане членка на ЕУ. Денес се потврди дека сите партии од проевропскиот фронт се за интеграција на државата во ЕУ исто како што беа за интеграција во НАТО.

Граѓаните нема да го заборават ниту да го простат, а ова блокирање нема да се случи. ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви аргументи, дека немаа идеја
за дискусија и не водеа дебата. Ќе ја блокираат европската иднина на граѓаните за лични цели – истакна Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Владата не се откажува од водење дискусија со ВМРО-ДПМНЕ на сите нивоа што не исклучува и нова лидерска средба помеѓу Ковачевски и Христијан Мицкоски, а тоа што ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не се изјасни за или против, освен Гордана Силјановска-Давкова која е независен пратеник, го смета за предност.

– Тоа една од основните причини поради која и јас и владата сметаме дека пред нас е усвојување на уставните измени и тоа консензуално со сите пратеници во Собранието – смета премиерот.

Ковачевски додаде дека во владејачката СДСМ има единство иако пратенико Диме Велковски не беше присутен на седницата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени