После четири часа заврши лидерската средба за која премиерот Димитар Ковачевски истакна дека била отворена дискусија но без конкретни заеднички заклучоци.
– Пред нас стојат многу предизвици и затоа важна е деблокадата на Собранието за да се донесат важни реформи. Не смеема да дозволиме уставните измени да бидат пречка која сами ќе си ја поставиме. Да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент во ЕУ. Не е време за поделби. Ќе се формира собраниска група која ќе се грижи реформите да не стојат во место. Првиот приоритет е европскиот пат па интересите на политичките партии. Никој нема да биде кочничар – рече Ковачевски лидерската средба во Собранието која ја иницираше тој, а ја прифатија речиси сите политички партии.
На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.
На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Движењето Беса.